Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Колумбиското обвинителство официјално го обвини поранешниот претседател Урибе за измама

25 мај 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

 Колумбиското обвинителство официјално го обвини поранешниот колумбиски претседател Алваро Урибе за измама и манипулација со сведоци во првото кривично судење во земјата против поранешен шеф на држава.

Алваро Урибе е осомничен дека „нудел готовина и други бенефиции на сведоци на криминални дејствија за да ја скрие вистината“ во случајот што го поврзува со паравоени групи, се вели во обвинението презентирано од обвинителот Жилберто Виљареал. За време на повторното судење, што почна на 18 мај, поранешниот претседател, кој присуствуваше преку видео-врска, се изјасни за невин и повика на отфрлање на обвиненијата. „Никогаш не преземав иницијатива да барам сведоци. Се обидував да ја заштитам мојата репутација“, рече Урибе.

Судијката Сандра Хередија го одби неговото барање и како можни жртви наведе сенатор, поранешна сопруга на член на паравоена група која помогнала во поврзувањето на Урибе со тие вооружени групи и двајца поранешни обвинители. 

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ