Лидерот на канадската конзервативна партија Пјер Полиевр би
можел да биде наследник на премиерската функција на Џастин Трудо, премиерот на
Канада во заминување.
Конзервативната партија со месеци води пред либералите во
анкетите, па се очекува тие да можат да формираат нова влада по следните
избори, пишува Би-Би-Си.
Полиевр е познат по својата визија за мала влада и ниски
даноци, а како студент своите идеи за „здравиот разум“ во политиката ги
искажувал преку есеи. Роден и израснат во Калгари, Полиевр покажа рани
политички амбиции, освојувајќи место во парламентот на 25-годишна возраст.
Познат по својата остра реторика, тој ги критикуваше либералните политики на
Трудо, нарекувајќи ги „авторитарен социјализам“ и „разбудено лудило“.
Тој ги поддржа протестите против задолжителните мерки за
коронавирус, а неговите предлози, како што е укинувањето на данокот на
јаглерод, предизвикаа критики за климатската политика и покрај поделеното јавно
мислење, Полиевр ветува промени во политиката фокусирани на економијата,
безбедноста и имиграцијата, нагласувајќи ја интеграцијата на новодојдените.
<span style="mso-spacerun:yes"> </span>Тој ги отфрли
коментарите на Доналд Трамп, кој сугерираше дека Канада треба да стане 51-та
американска држава, ветувајќи дека „ќе ја стави Канада на прво место“.<span lang="EN-US" style="mso-ansi-language:EN-US"></span>
Неговата реторика е насочена кон обичните граѓани, а
неговата клучна порака е враќање на традиционалните вредности и зајакнување на
„канадскиот сон“.