Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Холандија најави нов пакет помош за Украина од 200 милиони евра

2 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Според неговите зборови, тој ја уверил Украина дека може да смета на дополнителна поддршка од Холандија, објави „Украинска правда“.

„Мораме да направиме сѐ што е можно за да ѝ помогнеме на Украина да напредува, не само на фронтот, туку и кога е во прашање секојдневниот живот на луѓето. Затоа Холандија обезбедува нов важен пакет помош вреден повеќе од 200 милиони евра“, изјави премиерот.

Тој појасни дека помошта првенствено ќе биде наменета за заштита и санација на енергетската инфраструктура, како и дополнително финансирање на хуманитарна помош.

„Мојата прва посета на Украина како премиер на Холандија го потврди моето верување дека треба да продолжиме да ја поддржуваме Украина“, рече Шуф.

Новата холандска влада предводена од Дик Шуф ​​положи заклетва на почетокот на јули.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ