Австрискиот канцелар Карл Нехамер Хамер (ОВП) ги прекина
преговорите со СПО, социјалдемократите, за формирање на идната влада бидејќи не
можат да постигнат договор за клучните прашања и поднесе оставка од
канцеларската функција, а тоа официјално ќе го стори во следните неколку дена.
Либералната партија НЕОС, третиот коалициски партнер, во
петокот ненадејно се повлече, а денеска продолжија разговорите само со СПО, кои
очигледно завршија без успех.
- Се трудевме до овој момент. Договор за клучните точки не е
можен, така што нема смисла за позитивната иднина на Австрија - рече Нехамер.
Исто така, веројатно е дека Нехамер ќе се повлече од
функцијата лидер на ОВП. Извршниот комитет на партијата ОВП треба да заседава
во Сојузната канцеларија во недела во 10 часот. Медиумите како можен наследник
го гледаат и поранешниот канцелар Себастијан Курц.
Партијата НЕОС, заедно со конзервативната Австриска народна
партија (ОВП) на австрискиот канцелар Карл Нојхамер и Социјалдемократите (СПО)
се обидуваа да формираат трипартиска владина коалиција откако десничарската
Партија на слободата победи на националните избори во септември.
Водачот на НЕОС, Беате Мајнл-Рајзингер, рече дека напредокот
е невозможен и дека „фундаменталните реформи“ не се договорени. Таа ги
информирала другите партиски лидери дека членовите на НЕОС „нема да ги
продолжат“ разговорите.
Разговорите се одолговлекуваа откако сите други партии
одбија да соработуваат со лидерот на Партијата на слободата (ФПО), Херберт
Кикл, кој беше прв со 29,2 отсто од гласовите, принудувајќи ги ОВП и СПО да се
обидат да регрутираат помала партија за поддршка.
Новите избори се сега следниот чекор. Десничарската ФПО
веднаш ја поздрави таквата можност бидејќи анкетите покажуваат дека нивната
поддршка само порасна по изборите.