Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Изворите тврдат: Веќе постои план за погребот на кралот Чарлс

31 март 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Иако на тронот е само 18 месеци, палатата веќе подготвила план за неговиот погреб кој го нарекле „ Operation Menai Bridge “, пишуваат странските медиуми.

Погребните планови за неговата мајка, покојната кралица Елизабета, беа наречени „ Operation London Bridge".

Изворите тврдат дека „ Menai Bridge “ треба да започне со префрлање на телото на Чарлс од Бакингемската палата во Вестминстерската сала. Погребот треба да се случи девет дена по смртта.

Исто така, анонимни извори изјавија за „In Touch“ дека плановите за погребот на Чарлс биле избрзани откако му бил дијагностициран рак.

„Да се ​​има план за погреб е прилично вообичаена работа меѓу британското кралско семејство, но во случајот на Чарлс е неопходна целесообразност“, вели изворот.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ