Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Израелската армија соопшти дека нападнала повеќе од 100 „терористички цели“ во Појасот Газа

5 јануари 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Како резултат на тоа, десетици терористи на Хамас беа „ликвидирани“ како одговор на нападите на палестинското исламистичко движење, се вели во соопштението.

Војската, исто така, соопшти дека погодила неколку локации за лансирање ракети за кои се верува дека биле користени за ракетни напади од Појасот Газа на израелска територија.

Според израелската војска, во пресрет на нападите биле преземени бројни мерки за да се намали ризикот од цивилни жртви.

Воените и разузнавачките служби на Израел „ќе продолжат да дејствуваат против терористичките организации во Појасот Газа за заштита на граѓаните на Израел“, се додава во соопштението./МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ