Владата на Бразил денеска соопшти дека Индонезија формално се приклучува на една од најмоќните економски групи БРИКС како полноправна членка.
Бразил годинава ќе го преземе претседателството со блокот.
Групата БРИКС се состои од Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, но таа се проширува за да вклучи и други земји, наведува Ројтерс.