Австриската полиција се огласи по повод видеото снимено на трамвајска станица во Виена, кое се верува дека ја прикажува малата Данка Илиќ која исчезна во близина на Бор на 26 март.
Австриската полиција соопшти дека голема е веројатноста на снимката да е исчезнатото српско девојче.
- Откако роднините на исчезнатото девојче ги погледнаа фотографиите, претпоставуваат дека многу веројатно се работи за исчезнатото девојче од Србија. Виенската полиција по наредба на јавното обвинителство бара апсење - соопштено е.
Откако се појави видеото направено во Виена на кое се гледа девојче во придружба на две Романки, кое неверојатно изгледа и личи на малата Данка, виенската полиција се вклучи во истрагата за нејзиното исчезнување.
Австриската полиција апелира до сите граѓани кои ги виделе двете жени снимени со девојчето веднаш да се обратат во полиција.
Амбасадата на Србија ги повика сите кои ќе го препознаат исчезнатото девојче во Австрија да пријават во полиција.