„Како што рече премиерот (на Гренланд) Муте Егеде, Гренланд не е на продажба“, изјави Фредериксен за ТВ2.
„САД се нашиот најблизок сојузник“, нагласи таа во исто време.
Доналд Трамп помладиот денеска слета на островот со приватен авион во 12:50 часот по Гринич.
„Не, нема да го купам Гренланд. Всушност ќе одам на приватна, еднодневна екскурзија во Гренланд“, рече вчера тој во својот подкаст, истакнувајќи дека неговата посета е туристичка.
Неговиот татко, новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп на својата платформа „Tryth Social“ на крајот на декември напиша дека е апсолутно неопходно САД да ја преземат сопственоста и контролата врз Гренланд за, како што наведе, националната безбедност и слободата ширум светот. /МИА