Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Белорусија почна големи воени вежби во близина на Полска, Украина и Русија

21 јуни 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Министерството за одбрана во Минск не даде информации за бројот на мобилизирани војници и опрема, но соопшти дека се вклучени оперативни командни единици, специјални сили, ракетни трупи, артилерија, авијација и противвоздушна одбрана.

Во првиот дел од вежбите војниците ќе бидат распоредени на полигони и ќе ги зајакнат позициите, а потоа ќе започнат и вистинските борбени вежби.

Локациите на вежбите беа посочени во регионите Брестка и Гомелска, кои граничат со Украина од север.

На почетокот на целосната инвазија на Русија на Украина во 2022 година, некои од нејзините сили нападнаа од Белорусија. Москва исто така располага и со тактичко нуклеарно оружје во Белорусија./МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ