Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Белата куќа и официјално се огласи за кандидатурата на Бејден

3 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

„Апсолутно не“, беше одговорот на портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, на новинарско прашање дали Бајден размислува да се повлече од изборната трка, пренесува Ројтерс.

„Тој разбира дека е фер луѓето да го поставуваат тоа прашање. Го видов претседателот во Западното крило (на Белата куќа) пред да отидам на говорницата на брифингот со новинарите. Изгледаше одлично“, рече таа.

Претходно денеска, Бајден разговараше со лидерот на мнозинството во американскиот Сенат, Чак Шумер, со демократскиот претставник Џејмс Клибурн, копретседател на кампањата Бајден-Харис и со поранешната претседателка на Домот Ненси Пелоси.

Си-Ен-Ен објави дека Бајден и американската потпретседателка Камала Харис разговарале и со сите членови на изборниот штаб на Бајден за овогодинешните претседателски избори и дека „детално го опишале влогот на претстојните избори“.

Според неименуван извор, Бајен рекол дека „кога ќе те соборат, се враќаш“.

„Да го победиме ова“, биле зборовите на Бајден на крајот од разговорот.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ