Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Ураганот „Берил“ пустоши низ Мексико: Се евакуираат туристите, ветрот дува со 190км/час (ВИДЕО)

5 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Властите ги повикаа туристите во мексиканското одморалиште Тулум да ги напуштат плажите и да бараат засолниште, а хотелите се евакуирани поради очекуваното влијание на ураганот Берил, кој погоди неколку острови во Сент Винсент и Гренадини, како и Барбадос и Јамајка претходните денови, објави Си-Ен-Ен.

Според медиумите, се очекуваат удари на ветер и до 190 километри на час.

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор рече дека Берил може директно да го погоди Тулум, кој има најмалку 50.000 жители и приближно исто толку туристи.

„Се препорачува луѓето да заминат на повисоки места, засолништа... Не двоумете се, материјалните добра може да се заменат“, предупредил Обрадор, а пренесува АП.

Синоќа доцна навечер, центарот на бурата бил на 220 километри од Тулум, соопшти центарот за урагани.

Властите ширум полуостровот Јукатан подготвија засолништа и ги евакуираа малите крајбрежни населби, а хотелите на плажа во Тулум беа евакуирани.

Ураганот Берил претходно оштети или уништи 95 отсто од домовите на неколку острови во Сент Винсент и Гренадини, а погодени беа и Барбадос и Јамајка.

Три лица загинаа во Гренада и Кариаку, а едно во Сент Винсент и Гренадини, соопштија официјални лица.

Уште три смртни случаи поради овој ураган се пријавени на северот на Венецуела, а четири лица се водат како исчезнати.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ