Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Американските бази во Европа се во состојба на готовност поради можна терористичка закана

1 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

 Американската телевизија Си-Ен-Ен објави дека Пентагон прогласил втор највисок степен на безбедност во американските бази, повикувајќи се на двајца неименувани владини претставници.

Тоа ниво на безбедност, познато како Force Protection Charlie, се применува кога Пентагон добива веродостојни разузнавачки информации за потенцијален терористички напад.

Природата на наводната закана остана нејасна. Официјален претставник цитиран од Фокс њуз рече дека тоа не се однесува на парламентарните избори во Франција.

Европската команда на САД (EUCOM) во Штутгарт одби да ги коментира конкретните безбедносни мерки преземени од вооружените сили на прашањето на СИ-Ен-Ен.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ