Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Трамп му честиташе на Фараж влез во британскиот Парламент

5 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Републиканскиот кандидат на претседателските избори во САД, Доналд Трамп, денеска му честиташе на својот десничарски сојузник Најџел Фараж, лидер на Реформската партија, за освоеното место во британскиот парламент, по седум неуспешни обиди, пишува Индипендент.

Трамп ја објави честитката на својата платформа „Truth Social“, во која, како што забележува британскиот весник, не го споменува победникот на вчерашните британски избори, Кир Стармер, чија Лабуристичка партија ги победи конзервативците по 14 години на власт.

- Честитки до Најџел Фараж за неговото големо освојување пратеничкото место во рамките на изборниот успех на Реформската партија. Најџел е човек кој навистина ја сака својата земја!, напиша Трамп.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ