Италијанските специјалитети со задоволство се консумираат ширум светот и ги има на трпезите и кај нас. Освен пицата и шпагетите карбонара се чест избор, бидејќи се направени од состојки кои ги има речиси во секој дом. Покрај тоа, тие се многу вкусни и заситувачки, а ги сакаат припадниците од сите генерации.
Но, има разлики меѓу нашата и италијанската карбонара, и тоа во една состојка.
Станува збор за павлаката што нашите домаќинки често ја додаваат за да го направат ова јадење покремасто, без да знаат дека ја нарушуваат текстурата на италијанскиот специјалитет.
<b>Потребни состојки:</b>
<b>Начин на приготвување: </b>Измијте и исечкајте го магдоносот. Изматете ги со виљушка жолчките, додајте сол и свежо мелен бибер, па пармезанот од кесичката и половина сечкан магдонос. Измешајте сè и оставете го на страна. Шпагетите ставете ги во зовриена солена вода да се варат.
Во тава сипете малку маслиново масло и кога ќе се загрее на средна температура ставете ја сланината исечкана на ленти и пропржете ја со постојано мешање. Пред сланината да стане крцкава, додадете ги излупените и малку издробени цели чешниња лук и оставете уште две-три минути на рингла.
Додека да го подготвите сосот, шпагетите треба да се сварени. Веднаш процедете ги и истурете ги во тавата во која се сланината и лукот, а потоа додадете ги изматените жолчки со зачините и пармезанот.
Промешајте уште еднаш да се соедини се, па префрлете од тавата во сад и посипете со другата половина од сечканиот магдонос.
Важно е да не ги оставате шпагетите премногу долго во тавата, бидејќи жолчката ќе почне да се готви, поради што ризикувате јадењето да стане гумено наместо кремасто.
Послужете додека е топло.
<b><i>Пријатно!</i></b>