Бурекот стекна голема популарност низ светот, но омилен е во Турција од каде што потекнува и на Балканот каде што се јаде преку целата година.
Кога ќе го изговорите зборот „бурек“, во Босна и Херцеговина ќе го добиете со месо, во Турција со сирење и магдонос, но посните верзии на бурек можат да бидат исто толку вкусни.
Се што ви треба е пакување печурки, кромид, компири и зачини, а резултатот е кралски појадок.
<b>Потребни состојки:</b>
<b>За премачкување на корите:</b>
<b>Начин на приготвување: </b>Во тава истурете три лажици масло, па вклучете ја да се загрее и во меѓувреме ситно исечкајте го кромидот. Пржете додека не стане проѕирен, а потоа додадете малку сол и бибер. Во него се додаваат ренданите компири и ситно сечканите печурки, па се додава сувиот зачин и убаво се меша. Динстајте додека не омекнат печурките, па тргнете ги од оган. Во сад сипете ги киселата вода и маслото и измешајте.
Обложете тавче со хартија за печење, а на дното ставете две кори за пита подмачкани со мешавина од масло и вода и почнете да го мачкате бурекот по принципот кора-фил-кора додека не го потрошите материјалот. Се пече во рерна загреана на 180°C околу 30 до 35 минути.