Од утринава, забраните за сообраќај за тешки товарни возила
на патните правци Гостивар – крак Маврово – Дебар и Гостивар – Стража се
укинати, информираат од Авто мото сојузот на Македонија.
Оттаму додаваат дека сообраќајот на државните патишта се
одвива во зимски услови, а на одредени делови на патиштата се присутни влажни
коловози.
Исто така, од Авто мото сојузот потсетуваат дека од вчера
сообраќајот е во целосен прекин во близина на Башино Село, кај мостот, и дека
овој прекин ќе трае подолг временски период.