Денешниот ден многумина го искористија за посета на скијачкиот
центар Маврово, а тоа вечерва завршиа со колона возила кај Никифорово-Леуново.
Попладневното пренасочување на сообраќајот околу Мавровското Езеро предизвика
голема колона возила, сега заглавена од другата страна на езерото.
Колоната е километарска, со часово се стои во место.
Социјалните мрежи се преполни со гнев кон неспособноста на општинските власти,
на полицијата на одговорните.
Во возилата има семејства со мали деца, а некои останаа и
без гориво. Што точно е причината за ваквиот застој, засега нема официјална
информација.
Од Центарот за управување со кризи се работи за застој
поради голем број автомобили на тесниот пат. Од таму информираат дека има
застој и на крстосницата Маврово-Кичево-Гостивар.