Не планираме по 7 потрошени години власт, да влегуваме во
пресметка на СДС чив е експресниот пат. Тој не е ниту на СДС, ниту на ДУИ или
друга партија, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Ниту дали има логика се што ќе направиме ние, тие да тврдат
дека било нивно, иако народот знае дека шајка не заковаа 7 години и како е
можно за 7 години да немаа отворање на ниеден сериозен инфраструктурен проект,
апсолутно ниту еден, и сега оправдано на сите нормални луѓе им изгледа
налудничаво кога тврдат дека се ова, тие направиле. Токму тоа беше една од
причините зошто изгубија на избори.
Покрај криминалот и измеќарството кон ДУИ. Да потсетиме дека
плаќаа тешки милиони, а немаа почнато со градба. Така да, бесполезни се ваквите
дебати со нив. Сеуште живеат во филмовите на потценување на народот и сурово
бескурпулозно лажење, типично за нивното лидерство и нивниот лидер во сенка.
Патиштата остануваат на граѓаните на Македонија. А СДС за
жал на сите, е тука со своето однесување да не потсетува како не треба, стои во
соопштението.