Загадениот воздух во градовите низ државата е сериозен
проблем кој бара системски и долгорочен пристап за негово решавање. И првите
резултати од преземените системски мерки би се почувствувале за некој период од
среден рок, од неколку години, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на долгорочна и
системска стратегија која реално ќе го намали загадувањето.
За да се направи тоа, меѓу другото, потребно е промена на
начинот на затоплување на домовите, а тоа подразбира наместо фосилни повеќе
користење на еколошки горива, меѓу кои и централно затоплување.
За да се смени начинот на загревање на домовите, потребно е
да се изградат гасни централи. Новиот начин на затоплување на домовите,
истовремено, треба да биде достапен за сите граѓани.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ интензивно работи на
изградба на такви гасни централи, а веќе има и заинтересиран инвеститор, а тоа
е инвестиција за која реализација потребни се неколку години за да
профункционира.
Гасната централа ќе обезбеди топлинска енергија со
значително и драстично намалување на загаденоста и тоа ќе обезбеди, меѓу
другото, и зголемена енергија која ќе се користи во стопанството.
Жално е што поранешната седум годишна влада предводена од
СДС и ДУИ не водеше сметка за амбиенталниот воздух и не направи ништо за
намалувањето на загадувањето.
Барем нешто да направеа сега, по седум години, веќе ќе ги
чувствувавме првите резултати и Скопје немаше да биде лидер на неславните
европските и светски листи по загаден воздух, стои во соопштението.