Денеска во утринските часови во Куманово изгоре автомобилот
на обвинителот Џелал Бајрами. Според првите неофицијални информации, лица кои
ги користеле уреди за блокирање камери се сомневаат дека инцидентот бил извршен
со намера, за да се избегне снимањето на случката<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">, пренесе 24инфо. </span>
Пожарот зафати голем дел од возилото, а пожарникарите брзо
реагирале и го изгасиле огнот. Во моментов се спроведува истрага за да се
откријат причините за пожарот и евентуалната врска со личноста на која
автомобилот припаѓа.<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK"></span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Џелал Бајрами инаку
е поранешен министер за труд и социјална политика и заменик-министер за
внатрешни работи и член на ДУИ</span>