Претставниците од верските заедници, денеска одржаа
состанок, после кој порачаа на сите македонски граѓани, да не потклекнуваат на
обиди за нарушување на соживотот, и порачаа почитување на државните симболи.
„Бог ни дал да живееме во една заедничка држава, затоа ние
Поглаварите на Македонската црква, Исламската верска заедница, Католичката
црква, Евангелско-методистичката црква и Еврејската заедница, ги повикуваме
сите македонските граѓани да не потклекнуваат кон обидите за нарушување на
соживотот, туку да ја почитуваме меѓусебната почит, државните симболи на нашата
татковина, и симболите на сите етнички заедници“, стои во соопштението.