Елена Петрова, директорка на УЈП во „Дејли Клик“ на ТВ21
рече дека 24% од долгот на ДДВ не е платен во последните пет месеци, што има
позитивна тенденција, за разлика од бројките од минатата година.
„Во просек во последните пет месеци 24% од износот на долгот
на ДДВ не е платен во законскиот рок, и тука има блага позитивна тенденција.
Затоа што тој просечен износ на долг во минатата година бил околи 31%, што ми
покажува дека со сите овие пораки што ги праќаме и персонализирано и како јавни
известувања, ги натеравме ДДВ обврзниците да го плаќаат долгот“, рече Петрова.
Таа кажа дека имало определени сомненија дека даночни
обврзници можеби ги прекршиле нормите.
„Ние постојано на дневна основа детектираме определени
ситуации, и наидуваме на определени сомненија дека одредени даночни службеници
можеби ги прекршиле нормите за професионално однесување, и предизвикале штета
било на даночен обврзник или на УЈП, во наплатата на даноците и во правање на
грешки, и тие во континуитет таквите постапки, сомненија ги даваме на
постапување на единицата на професионални стандарди и такви постапки имаме
отворено повеќе, кои се во тек. Пред истражните органи се во тек посапки против
даночни службеници, постојат некакви сомненија дек апостојат сомненија со
даночни афери, поврзани со затајување на данок или злоупотреби со поврат на
ДДВ, и оставаме истражните органи да ја водат постапката“, рече Петрова.
Таа кажа дека постои можност долгот да не биде наплатен, па
дури со оттуѓување на имотот.
„Во разрешување на долгот од страна на даночните обврзници,
треба прво да детектираме дали фирмите се уште се деловни активни, туку дали
имаат имоти од кои можеме да го наплатиме долгот, дали имаат даночни гаранти
каде ќе може да ја пренесеме даночниот долг, може да се најдеме во состојба
каде што долгот не може да се наплати. Доколку бидат утврдени такви состојби
каде намерно биле пропуштени дејствија за наплата на долгот, таквите ќе бидат
санкционирани. Но, мора да се има во предвид кога даночните обврзници имаат
долгови и присилна наплата, таа состојба е сложена, и немаме веќе соработка,
туку имаме конфликт. Во тој случај кога ќе видат дека не можат да платат долг,
даночните обврзници го оттуѓуваат имотот, го стават имотот под залог, сето тоа
се постапки кои ја отежнваат постапката за наплата. Заради тоа колку е постар
долгот, помала е веројаснота да биде наплатен е помала“, рече Петрова.