Кога некој е кабает и тоа голем кабает, нормално е дека ќе
пробува да дефокусира, да измислува теми кои не се тема, да наметнува прашања
кои се затворени многу одамна, вели министерот за внатрешни работи, Панче
Тошковски за видеото кое вчера масовно го споделуваа членови на ДУИ по
социјалните мрежи од војната во 2021 со пораката дека Али Ахмети не изгубил
војна.
<span style="mso-spacerun:yes"> </span>Ова само би го оценил
како неуспешен обид за дефокусирање на јавноста од тоа што е реалност, а тоа е
дека заврши времето кога криминалците не одговараа. Заврши времето кога нивните
предмети се буткаа под тепих и дојде времето кога секој еден треба да се соочи
со правдата, одговори Тошковски.
Покрај воинствените песни за ОНА и Ахмети, во видеото
доминираше неговиот воинствен говор од некој митинг, но истото денеска е
избришано.