Љупчо Николовски и Благој Бочварски лицемерно честитаа за
пуштањето на патот Страцин - Паланка. Господата од СДС, изминативе седум
години, не успеаа да го завршат експресниот пат Страцин-Паланка, па мораше
ВМРО-ДПМНЕ експресно за само 6 месеци да го пушти во употреба, реагираат од
ВМРО-ДПМНЕ.
Додаваат дека доколку Николовски и Бочварски, се занимаваа
повеќе за проектите, наместо за давање тендери на фирми блиски до Заев, патот
досега веќе ќе беше готов.
Знаеме дека минатата власт на СДС и ДУИ, дека освен
тендерчиња и партиски вработувања, немаа ниту еден проект од областа на
инфраструктурата. Од доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, патот Страцин-Паланка е
пуштен во употреба. Прилеп-Градско е готов, а Кичево - Охрид се работи во полна
пареа, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив видлива е разликата помеѓу власта на ВМРО-ДПМНЕ и
онаа на СДС и ДУИ.Времето на матни тендери и партиски вработувања заврши,
квалитетот и квантитетот сега се на виделина.
Претходно Благој Бочварски и Љупчо Николовски изјавија дека
овој проект е започнат од СДСМ во 2018 година и над 90% беше веќе реализиран до
средината на 2024 година.
Да не беа блокадите на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ овој пат
можеше многу порано да се заврши во текот на 2024 година. За жал и само за свои
политички цели пратениците од тогаш опозициската ДПМНЕ го кочеа овој проект
како опозиција. Тогаш во Комисијата за финансирање и буџет ВМРО- ДПМНЕ со
месеци го кочеше Предлог на законот за грант вреден 14 милиони евра кој беше
потребен за завршување на овој експресен пат, велат тие.