Обвинителството донесе наредба за спроведување истражна
постапка против 65-годишен тетовец за кого постои сомневање дека го убил својот
син.
Според информациите на Обвинителството, тој го убил својот
39-годишен син со ловџиска пушка. Двајцата живееле заедно, а на убиството
претходела расправија.
Куршумот го погодил синот во градниот кош и тој веднаш
починал, а таткото седел во станот со безживотното тело на починатиот додека не
ги пронашле.
Се бара притвор за 65-годишникот.