Инспекторите
на Град Скопје продолжуваат со засилениот инспекциски надзор на терен 24 часа,
со цел намалување на аерозагадувањето и заштита на животната средина. Неселективно
се изрекуваат казни за сите што не го почитуваат законот, ја загадуваат
животната средина и го загрозуваат здравјето на граѓаните. Во изминатата
година, градот Скопје има изречено казни од 9 до 100 илјади евра за правни лица
и соодветни казни против физички лица, кои се затекнати како креираат диви
депонии, ги палат и го прекршуваат законот, соопштија денеска од Одделението за
односи со јавноста при Град Скопје.
– Во услови
на нотирано зголемено загадување на амбиенталниот воздух во град Скопје, покрај
Инспекторатот на Град Скопје, во градот има уште вкупно 14 институции што имаат
надлежност и обврска да постапуваат при загадување на животната средина и
загрозување на здравјето на граѓаните. Меѓу кои, Министерството за животна
средина, Министерството за внатрешни работи, Државниот инспекторат за животна
средина, Државниот градежен инспекторат, инспекциските служби на десетте
општини во град Скопје, наведоа оттаму.
Во
соопштението се додава дека досега единствено Градот Скопје секојдневно
реагира, „додека останатите не постапуваат, иако за истото имаат законска
обврска“.
– За време
на изминатата недела инспекторите за животна средина на градот Скопје и
комуналните инспектори имаат санкционирано со изречени казни над 20 сторители,
а секоја недела во просек се изрекуваат помеѓу 20 и 30 санкции. Град Скопје во
минатата година поднесе повеќе кривични пријави за исфрлање и согорување опасен
отпад и загрозување на животната средина, за кривична одговорност против
сторители затекнати како исфрлаат опасен отпад, азбестни плочи и друг градежен
отпад, меѓу што и опасен канцероген отпад во зелен појас, со што се нагрдува
градот и доведува во опасност на животот и здравјето на скопјани, појаснија од
Град Скопје.
За жал и по
повеќе од две години, како што се додава во соопштението, сѐ уште нема реакција
од Обвинителството, по поднесената кривична пријава за „Усје“, „каде се
измерени трипати повеќе ПМ10 честички што се испуштаат во атмосферата од
дозволените, на метар кубен секој час, што како сериозни прекршувања, се
спротивни на издадената А интегрирана еколошка лиценца, што ја издава
Министерството за животна средина“.
– За
загадувањето од котларата за загревање на цементарницата, утврдено е дека има
надминување на граничните вредности на азотни оксиди NOx при што резултатите од
мерењата покажале повеќе од двојно поголеми вредности од дозволените 350
милиграми, односно покажале 711,9 милиграми на метар кубен, се нагласува во
соопштението на Градот.
Град Скопје
со цел подобрување на квалитетот на воздухот, се истакнува, реализира конкретни
мерки во текот на целата година, односно се доделуваат субвенции за инвертери,
велосипеди, чистење оџаци, замена на азбестни кровови.
– Воедно се
спроведуваат мерки за зголемена енергетска ефикасност, зголемени инспекциски
контроли, нови зелени површини и појаси, нови велосипедски патеки. Со овие
мерки и активности што Град Скопје континуирано ги реализира, се делува
превентивно кон изворите на загадување на воздухот, што потекнуваат од
сообраќајот и користење несоодветни енергенси. Секој месец организира еко-акции
за садење дрвја и зазеленување нови површини во соработка со средните училишта
на Град Скопје, со што се подига нивото на свесност кај младите за важноста на
здравата животна средина, се подвлекува во соопштението.
Како што се
додава, покрај мега паркот во Ѓорче Петров од 50.000 метри квадратни, Чаир –
30.000 метри квадратни и Аеродром од 27.000 метри квадратни, во тек е изградба
на мега паркот во Карпош на површина од 80.000 метри квадратни, што во град
Скопје, се нагласува – се случува првпат по 30 години.
– Се
трансформираат запуштените површини во градска надлежност меѓу што завршена е
изградбата на новата „Ботаничка градина“ во Скопје на површина од 12.700 метри
квадратни. Зголемени се инспекциските контроли и воведени се вонредни
инспекциски надзори на инсталации што подлежат на Б интегрирани дозволи и
инсталации со одобрени елаборати за животна средина, што се во надлежност на
Град Скопје, а надзори и изречени санкции има повеќе од сите останати општини
заедно. Зголемени се инспекциските контроли и воведени се вонредни инспекциски
надзори на градилиштата и возилата што излегуваат од градилиштата што мораат да
имаат измиени тркала и да се покриени со церади заради контрола на прашината,
се истакнува во соопштението.
Од Град
Скопје потенцираа дека се спроведува зачестено машинско чистење на улиците и
пешачките површини во надлежност на Градот и нивно миење кога временските
услови тоа го дозволуваат, согласно законските рокови.
– Активно
се контролира имплементација на одлуката и контрола на сообраќаен режим за
тешки товарни возила, чија крајна дестинација не е Скопје, во координација со
МВР – да се користи обиколницата. Град Скопје аплицираше со свој проект и
самостојно доби шест еколошки автобуси од Европската Унија, со цел подобрување
на квалитетот на амбиенталниот воздух – ниту ни донирало Министерство за
животна средина, ниту ни помогнало, иако со истото се фалат, што е срам да го
прикажуваат како единствена своја активност во шест месеци работа, се додава во
соопштението до јавноста од град Скопје.