Скопје
утрово е најзагаден град во Европа, покажуваат податоците на специјализираната
страница за мерење на квалитетот на воздухот „IQAir“. Индексот на загаденост во
Скопје достигна 166, што е висока вредност.
Прв на
листата на најзагадени градови во светот е Делхи во Индија, а по него се Лахор
во Пакистан, Вухан во Кина, Карачи во Пакистан, Чонгинг во Кина, Дака во
Бангладеш, Ченгду во Кина, Калкута во Индија, Ханој во Виетна, Каиро во Египет,
а на 11-то место е Скопје.
Според
податоците на „IQAir“, од градовите во регионот, Атина е на 19-то место.
Невладините
организации на протестниот марш против аерозагадувањето што се одржа минатиот
месец во Скопје побара итно и системско справување со загадувањето на воздухот
преку имплементација на ефикасни мерки кои ќе го заштитат здравјето на
граѓаните и драстично ќе го намалат аерозагадувањето.
Светската
банка предупредува дека секоја година околу 2.800 жители на Македонија умираат
како последица на загадениот воздух. Особено погодени се граѓаните на Скопје и
Тетово, кои се изложени на значително повисоки концентрации на ПМ 2,5 честички
во споредба со земјите од Западна Европа.
Надлежните
постојано објаснуваат дека нема инстант-мерки што ќе го расчистат воздухот.
Владата неодамна соопшти дека со зајакнати контроли и забрани ќе се бори против
енормното загадување. Со цел заштита на животот и здравјето на граѓаните и
намалување на емисиите на загадувачки супстанции при алармантно загадување на
воздухот, донесен е Акциски план со краткорочни мерки за намалување на емисиите
на загадувачки супстанции. Исто така донесена е наредба за воведување на десет
мерки за намалување на емисиите на загадувачки супстанции кога ќе го надминат
дозволениот праг.
Спас од
енормното загадување на воздухот ќе се бара и во когенеративни централи коишто
ќе произведуваат електрична енергија и гас. На тој начин ќе се намали
употребата на дрвото, пластиката и нафтата за затоплување на домовите, а
загадувањето на воздухот на тој начин би можело да се намали за 60 проценти. Во
најава и е и набавка на стотина електрични автобуси со кои треба да се решава
проблемот со јавниот превоз во главниот град, но и ќе се намали енормното
загадување од сообраќајот.