Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, соопшти
дека денеска ќе бидат исплатени 120 милиони денари на Јавното сообраќајно
претпријатие – Скопје за бесплатен превоз за студентите. Последен пат кога МОН
исплати средства кон ЈСП е во 2021 година, а од тогаш до денес не била донесена
одлука за субвенциониран превоз.
– Прашањето околу студентскиот превоз е решено. Денеска ќе
бидат уплатени 120 милиони што е добра вест за сите студенти кои имаат потреба
да полагаат во <span style="mso-spacerun:yes"> </span>јануарската испитна
сесија – изјави министерката Јаневска.
Од 2022 година до денес Владата нема донесено одлука за
вршење субвенциониран линиски превоз за студенти, а ЈСП самостојно решило да
продолжи бесплатно да ги вози студентите. Последната исплата на Министерството
за образование и наука кон ЈСП е направена во 2021 година, кога се исплатени
два милиони евра.
Законот за високо образование вели дека Владата може, но и
не мора да донесе одлука за посебни погодности за студентите, како што се
студентска картичка за попусти, бесплатен градски превоз и друго, при што
средствата се обезбедуваат од државниот Буџет.
Јавниот превоз во Скопје ќе продолжи да биде бесплатен за
студентите и пензионерите, од утре ќе можат да се продолжат билетите