Претседателот на Собранието, Африм Гаши до граѓаните упати
честитки по повод големиот христијански празник – Божиќ.
-Почитувани граѓани од православна вероисповед, Во името на
Собранието на Република Северна Македонија Ви го честитам православниот Божиќ.
Овој ден е можност да се нагласи важноста на вредностите кои
не обединуваат како општество: толеранцијата, солидарноста и почитта еден кон
друг, наведува спикерот на Законодавниот дом во честитката.
Посакува овој празник да донесе мир, хармонија и радост во
срцата на сите верници. -Нека оваа година биде година исполнета со успех,
бериќет и здравје за сите вас.