<span style="mso-spacerun:yes"> </span>Министерот за јавна
администрација, Горан Минчев, во интервјуто за Алсат ТВ ги презентираше
клучните реформи во јавната администрација, нагласувајќи ја потребата од
повисоки стандарди и ефикасност.
„Кампањата под мотото “Сите заедно за професионална и
квалитетна јавна администрација” е почеток на значајни реформи, пакет закони
кои ќе ни овозможат дополни критериуми за нововработените во јавниот сектор и
ќе обезбедат постојано следење на работните задачи на секој вработен“ - изјави
Минчев.
Тој ја нагласи важноста на новите законски решенија кои ќе
овозможат построги критериуми за нововработените, поголема конкуренција и
континуирана евалуација на вработените во јавната администрација. Како пример,
тој посочи на укинувањето на Инспекцискиот совет, што ќе резултира со
значителни буџетски заштеди и рационализација на јавните ресурси.
„Укинуваме органи согласно европските стандарди, со што
правиме значителни заштеди во буџетот. Ова е само почеток на долгорочен процес
на рационализација“ - истакна министерот.
Осврнувајќи се на укинувањето на Балансерот, министерот
истакна дека сегашните огласи се базираат на критериуми за знаење и квалитет, а
правичната застапеност ќе се обезбеди со ново законско решение кое ќе биде
изготвено од експертска група и консултирано со Венецијанската комисија.
„Огласите сега се одвиваат врз база на квалитет и знаење, а
новото законско решение ќе ја гарантира уставната категорија на правична
застапеност. Наша обврска е да обезбедиме ефикасни и квалитетни услуги за сите
граѓани, без разлика на етничката припадност.“ - посочи тој.
Заложбата на министерството за јавна администрација е овие
реформи да донесат позитивни промени во јавната администрација и да ги постават
основите за долгорочен успех и ефикасност во работењето на институциите.