Обдукцијата на телото на жената пронајдено во четвртокот во водите на Вардар покажа дека станува збор за исчезнатата Лидија Трајковска (43) од скопското село Јурумлери, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Трајковска беше пријавена за исчезната на 8 ноември, минатата година.
Од МВР, на 9 јануари, годинава, соопштија дека во 1115 часот во СВР Скопје било пријавено дека во водите на реката Вардар во с.Таор, општина Зелениково, покрај стариот пат кон с.Пакошево, општина Зелениково, било пронајдено тело на починато женско лице, кое било заглавено во гранки.
Од екипа на Одделот за специјални полициски операции при МВР, телото било извадено, а по наредба на јавен обвинител било дадено на обдукција.