<span lang="EN-US" style="mso-ansi-language:EN-US">Личните
карти со старото име, нема потреба да се менуваат, односно важат до нивното
истекување. Ова го соопшти министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.</span>
<span lang="EN-US" style="mso-ansi-language:EN-US">„Личните
карти важат со датумот на истекување. Нема потреба да се менуваат. За личните
карти не важи правилото за возачките и за пасошите. Не треба македонските
граѓани да бидат кабает поради неодговорното однесување на македонските
политичари во минатото“, рече Тошковски.</span>