Христовото раѓање е празник кој дава смисла на нашето
човештво и вербата за подобро утре исполнето со мир, љубов и благосостојба. Да
се насочиме кон добрите дела и хуманоста, бидејќи тие се темелите на христовата
вера, се вели во честитката од владејачката ВМРО-ДПМНЕ за Божик
ВМРО-ДПМНЕ посакува празничните божиќни мигови, да ги
исполнат вашите домови со топлина, мир и хармонија. Нека се пренесе гласот дека
Христос е роден.
Да ги споменеме и сите оние кои страдаат и да им помогнеме.
Да правиме добри дела и да подаваме рака на секого. Без оглед на разликите,
едни со други треба да си бидеме потпора во животот. Само така ќе покажеме дека
сме силни и сме фактор во општеството.<span style="mso-spacerun:yes"> </span>
Само со труд, работа и верба во Бога, да придонесеме за
подобрување на животот на сите граѓани во Македонија.
Нека е честит и вековит празникот Божиќ.
Да е вечна Македонија!
Христос се роди! Навистина се роди!