Ноќеска, полициски службеници од СВР-Тетово извршиле акциска
контрола во угостителски објект на регионалниот пат Тетово-Желино, каде поради
злоупотреба на туристичкиот престој, односно престојување спротивно на целта,
биле приведени девет странски државјанки, од 21 до 38 годишна возраст, од
Франција, Србија, Украина, Колумбија и Бразил.
Приведените биле задржани во полициска станица за
понатамошна постапка, извести МВР.