Опозициската ДУИ пред интерпелацијата го обвини вицепремиерот и министер во ресорот односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, дека наводно бил странски агент и дека ја ставал државата во подредена улога на други држави и интереси. Во „Наткаст“ со Љупчо Цветановски, на овие луцидни обвинувања дека е русофил и странски агент и на шегата дали можеби се претставува како Бонд, Иван Бонд, вицепремиерот вели дека ДУИ треба да се погледнат во огледало и да сфатат дека тоа што го зборуваат за него, потрепено со нивната „дејност“ околу и за Македонија – се однесува токму на нив самите.
-„My name is Bond“ (Моето им е Бонд). Да, да не е тажно, би било смешно. Прво, тоа да го кажуваат луѓе кои се докажаа во својата „дејност“ кога станува збор за Македонија, кога станува збор за некакви си убедувања, кога станува збор и за нивното име т.н. Европски фронт, у ствари не е Европски фронт туку Фронт за омраза и нетрпеливост, така што не гледам некаква посебна причина за да им одговорам, вели вицепремеирот Стоилковиќ околу наводите дека бил странски шпион.
-На страна што и вашата емисија и моето гостување кај Вас не е под онаа серија поткасти, туку е „Наткаст“, така што ќе се обидам да бидам над, над состoјбата, над реалноста, затоа што е јасна ситуацијата, ако навлезам во објаснувањето на реалноста на луѓето кои се потпишани на интерпелацијата, тоа мошне лошо ќе се одрази врз нив, затоа што половината од нив се криминалци. Епа сега, ако криминалот е некаква европска вредност и вредност со која тие се фалат, тогаш ок, нека им стои. Мислам, се покажа дека нивниот криминал и посветеност кон дестабилизација на државата го окарактеризира и Стејт Департментот со ставање на Црна листа на клучниот човек кој ги водеше сите активности, така што не знам кому му се обраќаат, на мене или сами на себеси. Мислам дека е подобро да се погледнат во огледалото, па кога ќе извршат сериозна анализа на сликата што ја гледаат, да зборуваат за други, посочува вицепремиерот и министер Стоилковиќ.
-Што се однесува на мене, во изминатите неколку месеци се покажа кој, колку и зошто се грижи и мислам дека тука е главниот проблем кога е интерпелацијата во врска со мене во прашање – бидејќи не можат и се обидуваат да избегнат од тоа дека се србомразечка страна во прикаската, се обидуваат на таа политика да градат политички поени, па сега ајде ќе го обвиниме и за проруска прикаска, за се’, само себеси да се сочуваме за чисти. А, не можете нешто што е валкано до „зла Бога“, да го претставите за чисто, пошто тоа што е валкано до „зла Бога“, граѓаните го препознаа и на избори и не џабе ги ставија таму каде што припаѓаат, а тоа е на ѓубриштето на полтичката историја, цени Стоилковиќ во Наткаст