Се врти видео на порталите и социјалните мрежи дека Сашо Мијалков со Ферари од 700.000 евра е во Монте Карло... Да видиш, и да не веруваш. Не е познато дали Обвинителството и Судството читаат портали или работат само “по допрен глас“ на “невладините организации“ кога некој противник на СДСМ и ДУИ ќе биде маркиран.
Лицето Сашо Мијалков, поранашен директор на УБК, обвинет за низа кривични дела во моментов е на издржување затворска казна за случајот “Империја“, или перење пари и слично, осуден на три години затвор по признание на вина и со спогодба со Обвинителството.
Казната затвор почна со издржување во затворот во Струга, а според информации од Струга казната, во суштина, божем во затвор е поминувана надвор од затворот. Основниот кривичен суд Скопје донесе одлука да има 4 месеци условен отпуст активен од 25 декември 2024 година, по жалба, Апелационит суд на 23. Мај 2024 го зголемува условниот отпуст на 11 месеци и можност да излезе од затвор и остатаокот од казната да ја издржува на слобода.
“Осудениот се отпушта од КПД Струга на 25.12.2024 година, а условниот отпуст му се смета до 25.04.2025 година“.
Да резимираме: Скопска Апелација го пушта затвореникот Сашо Мијалков на условен отпуст од затвор (причините не се познати) 11 месеци пред да му истече казната во април 2025 година и – му го враќа пасошот, со што му овозможува казната да ја издржува и во Монте Карло. Каде ќе му се чини за погодно и поудобно.
Ова е единствената затворска казна за Мијалков. За случаите „Тортура“ и „Трезор“ тој беше ослободен од обвинение, за случајот „Плацеви на Водно“ доби условна казна, а случаите „Таргет“ и „Тврдина 2“ застареа благодарение на измените во Кривичниот законик од страна на СДСМ и ДУИ. Тој е обвинет во случаите: „Титаник 2“, „Таргет-Тврдина“, „Тортура“, „Трезор“, „Империја“ и „Плацевите на Водно“
Условниот отпуст има и свои ограничувања, особено за лица за кои се водат и други постапки. По наше прашање кај струччните лица од Управата за извршување санкции речено ни е дека ваква мерка се определува по исклучоци, многу ретко, во пракса за лица поради тешка болест, самохрани мајки и слично. Што овде не е случај, како што не е случај ни за Зоран Милески Кичеец кој, исто така, на осми март 2024 добил уловен отпуст од затвор, исто така од Струга, по казна затвор од 3 години и четири месеци за две кривични дела.
Сашо Мијалков добил и пасош да патува по светот во време кога, формално, издржува затворска казна. Сето тоа во време кога власта и во Собранието, и во Владата, и во Обвинителтвото и во Судството ја имаат СДСМ и ДУИ. Малку пред изборите во мај 2024-та, тие решиле Сашо Мијалков да излезе пред време од затвор и да му се врати пасошот. Со тоа власта на СДСМ и ДУИ ги затвориле сите шанси Сашо Мијалков да биде во затвор по промена на власта кога, секако, не би добил условен отпуст, како и секоја шанса новата власт да го гони за корупцијата.
И затоа, сега, ги гледаме Зоран Заев и Венко Филипче како со сомнителни пари дивеат по забави во Дубаи, го гледаме Сашо Мијалков како со сомнителни пари тера забави по Монте Карло во време кога, формално, издржува затворска казна.
Сашо Мијалков, исклучен од ВМРО ДПМНЕ уште од 2018-та, и Зоран Заев имаа и заеднички бизниси, се делеа лиценци за бензински пумпи во времето на СДСМ/ДУИ, од Заев и неговата власт се финансираше пуч во ВМРО ДПМНЕ против Христијан Мицкоски и Александар Николоски предводен од Сашо Мијалков, Ивица Коневски и Никола Тодоров.
Заедно делуваа во сите седум години власт и заштитени од Обвинитлството и Судството денес дивеат по Дубаи и Монте Карло порачувајчи и на новата власт: ништо не ни можете! И понтааму се е под наша контрола.
Гледаме дека Обвинитеството и Судството и понатаму работи за нивните кланови и ги штити. Гледаме како дипломати не дозволуваат реформи во Обвинитлството и Судстсвото и констатираат дека треба борба протув корупција. А со што новата власт да се бори против корупција при ова и вакво Обвинитество и Судство?!
“Амбасадата на САД ги следи одлуките на судот за предметите Таргет-Тврдина кој се однесува на масовното прислушкување и Трезор, двата укинати со пресуда на Апелација, со што е ослободен Сашо Мијалков“... велат од амбасадата на САД.
И, што имаме сите ние, што има новат власт, од “следњето“ на случаите и на видеата од Дубаи и Монте Карло. На сите наведени рацете им се врзани затоа што обвинителите и судиите на време ги заштитиле криминалите, а сега се и понатаму на страна на корупцијата. А како и не би биле кога десет обвинители на СЈО по констатација на Антикорупциска се сомнителни затоа што примиле околу милион евра од СЈО надвор од закон и тоа го пријавиле во Обвинителството, а истрага се уште нема.
Обвинителите за кои Антикорупционерите според <span style="color: rgb(103, 102, 102); font-family: Roboto, sans-serif; font-size: 14px; text-align: center;">Членот 85 одлучи да поведе прекршочна постапк</span> уште во април 2020 година одлучиле да поведат постапка се:
Кога Државниот обвинител ја спречува таа истрага и гони секого кој бара одговорност од обвинителите и судиите за овој степен на корупција. Кога судиите се уште судат како “од улица“ ќе им порчаат “невладините“ на СДСМ и се уште моќни поранешни функционери на СДСМ и ДУИ. Многумина судии, а особено во скопска Апелација.
Дивеењета во Дубаи и Монте Карло на Заеви, Венко Филипче и Сашо Мијалков се одговорност на обвинителството и судството но, и на дипломатите кои спречуваат реформи во корумпираниот правосуден систем. Нивна, и само нивна.