Припадници на специјалната полициска единица „Тигар“, полициски службеници, Итна медицинска помош и јавен обвинител се на местото каде попладнево автомобил излета во водите во Вардар.
Од полицијата информираат дека пријавата ја добиле во 16 часот, дека на локалниот пат за с.Рашче патничко возило излетало од патот и паднало во река Вардар.
„Веднаш на местото на настанот се упатени полициски службеници и Итна медицинска помош, а екипа на САЕ Тигар презема мерки за вадење на автомобилот. На лице место е и јавен обвинител. Во 18 часот од ГОБ “Св. Наум Охридски” сме известени дека кај нив од страна на случајни минувачи е донесено четиригодишно дете, кое потоа е пренесено во Клинички центар“, велат од МВР за Курир.