Со
македонски пасош без визи може да се патува во 129 земји, што го рангира на
40-то место според индексот на најмоќни патни исправи во светот за 2025 година,
на британската консултантска компанија Хенли & Партнерс.
Индексот на
Хенли & Партнерс е најчесто цитираното рангирање на пасоши и се заснова на
официјални податоци од Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА).
Примарниот одлучувачки фактор за одредување колку е „моќен“ пасошот е во колку
земји може да се влезе со него без виза.
Северна
Македонија го дели 40. место со Црна Гора и Маршалските Острови. Од регионот
најдобро позиционирани се Грција на шестото и
Словенија на 10 место. Хрватска е на 11-то, Бугарија е 15-та, Србија
34-та. Пасошот на Албанија е на 43 позиција, на Босна и Хрцеговина на 44, а на
Косово е 63-ти.
Најмоќниот
пасош во светот го има Сингапур, бидејќи овозможува патување без визи во вкупно
195 од 227 држави и територии ширум светот. Втор е јапонскиот пасош (193
земји), на третото место се Финска, Франција, Германија, Италија, Јижна Кореја
и Шпанија (192), на четврто се Австрија, Данска, Ирска, Луксембург, Холандија,
Норвешка и Шведска (191), на петото се Белгија, Нов Зеланд, Португалија,
Швајцарија и Велика Британија (190), шести се патните исправи на Австралија и
Грција (189), седми Канада, Малта и Полска (188), а осми на Чешка и Унгрија
(187). Американската патна исправа е на деветото место, што го дели со
Естонија, чии граѓани без виза можат да патуваат во 186 земји, а листата на топ
10 најмоќни пасоши ја заокружуваат Летонија, Литванија, Словенија и Обединетите
Арапски Емирати.
На дното на
листата се Ирак чии граѓани можат без визи да патуваат во 31 земја, Сирија - во
27 и Авганистан - во 26 земји.