Коалицијата Вреди во 2025 година носи поголеми гаранции и благосостојби за граѓаните! Градоначалниците на општините од коалицијата Влен носат позитивна револуција која ќе влијае на секој агол од нашите животи. Со грандиозни проекти во инфраструктурата, здравството и во образованието, секоја општина ја трансформираат во модел на развој и благосостојба. Новите патишта и модерните училишта и објекти, кои одговараат на секоја потреба на граѓаните, се само почеток! Ова е година кога зборовите се претвораат во дела, а надежите стануваат реалност. Коалицијата Вреди со визија, храброст и со труд докажува дека нашата иднина е посветла од кога било!“
Ова се вели во соопштението на Вреди, во кое коалицијата им ја честита Новата година на граѓаните на Македонија.
„Градоначалниците на општините од коалицијата Вреди – како на Тетово, Билал Касами, и на Гостивар, Валбон Лимани – успеаја да ги одобрат најголемите буџети досега во историјата на овие градови. Буџетот на Тетово за следната година нема да биде ни помалку ни повеќе од 50 милиони евра, а на Гостивар – 27 милиони евра. Но, во оваа група успеси има уште две општини, општина Чаир, чијшто буџет за следната година е 21 милиони евра, и општина Желина чијшто буџет за следната година е 7 милиони евра“, се додава во соопштението на коалицијата.
Коалицијата Вреди, се додава во соопштението, гради нова тврдина каде што граѓаните, заедно со инвеститорите, се чувствуваат посигурни да инвестираат и да придонесат за развојот на општините, особено таму каде што Албанците се мнозинство.
„Во 2025 година ќе продолжиме со воспоставување, унапредување и со зголемување на административните капацитети, што значи зголемување на ефикасноста на управувањето, зголемување на транспарентноста, зголемување на стандардите, ефикасно управување и зголемување на довербата на граѓаните кон локалните институции. Отворениот дијалог со граѓаните и нивното вклучување во одлучувањето е одличен пример за лидерство кое слуша и дејствува за општото добро. Коалицијата Вреди ветува дека нашите успеси, заедно со граѓаните, нема да застанат тука. Коалицијата Вреди за Новата Година на сите граѓани им посакува бериќет, радост и успех! Нека 2025 година биде година на надеж, единство и на напредок за секое семејство. Среќна Нова Година!“, се вели во честитката на коалицијата Вреди.