Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло со слаб
јужен, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната
температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната од 21 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 26
степени.
Според УХМР, и во наредните денови ќе продолжи периодот на
сончево и топло време со мала до умерена облачност. Од вторник ќе има извесно
зголемување на облачноста со благо опаѓање на дневната температура.