Министерката за образование Весна Јаневска на својот Фејсбук профил напиша дека е „длабоко е разочарана и вознемирена од одлуката на раководството и наставниците во ОУ ‘7 Март’ во Челопек да организираат, но и од одобрувањето на родителите на учениците, нивните деца да учествуваат во училишна приредба на која облечени во униформи со амблеми на неформални воени групации од минатото, парадираат со пушки во рацете“.
„Длабоко сум разочарана и вознемирена од одлуката на раководството и наставниците во ОУ ‘7 Март’ во Челопек да организираат, но и од одобрувањето на родителите на учениците, нивните деца да учествуваат во училишна приредба на која облечени во униформи со амблеми на неформални воени групации од минатото, парадираат со пушки во рацете. Патем, родителите и ракоплескаа на сето тоа“, напиша Јаневска.
Ваквиот чин, посочи таа, не само што педагошки е неисправен, туку е и нечовечен, неетички, неморален и законски казнив.
„Не очекував дека токму педагози, луѓе кои ја одбрале најблагородната професија, ќе ги учат децата во Македонија да не ја почитуваат сопствената земја, да не ги почитуваат своите сограѓани и ќе индоктринираат милитанство, насилство, омраза. Спротивно на сите основни начела на педагогијата. Наместо да се бориме за единство, за градење мирна и хармонична училишна средина, која патем треба да биде и основа за градење на мирно и хармонично општество и силна заедничка држава, во 21-от век гледаме дека нечии размислувања и идеали се заглавени во некој минат век“, вели таа во објавата.
Видеото можете да го погледнете<span> </span><span style="box-sizing: border-box; color: rgb(0, 0, 255);"><a href="https://fb.watch/waTIXBCjfG/" target="_blank">ТУКА.</a></span>