„Најубавиот ден во годината... Божиќ и Ханука одеднаш“, напиша таа бидејќи овие два празника годинава се прославуваа на ист ден.
Освен со Аким, празничните моменти ги помина со четирите ќерки Лурд Леон (28), Чифундо Џејмс (18) и близначките Стела и Естере (12). Мадона има и два сина - Роко Ричи (24) и Дејвид Банда (19) кои овој пат не беа со нив на семејниот собир. Според странските медиуми, се верува дека тие го поминале Божиќ со таткото Гај Ричи.
Потсетуваме, откако неколку пати се појавуваше сама во јавноста, се шпекулираше дека врската меѓу неа и 28-годишниот Аким е завршена. „Мадона и Аким го имаа истиот проблем што таа го имаше со нејзините претходни партнери“, откри извор неодамна, додавајќи: „Разликата во годините стана голем проблем меѓу нив. Тие доаѓаат од различни временски периоди“. Тој кажа и дека пејачката се сомневала дека нејзиниот партнер ѝ е неверен, но судејќи по овие фотографии изгледа дека ништо од тоа не е вистина.
Аким, кој исто така дипломирал политички науки, и пејачката се познаваат подолго време. И двајцата учествуваа во снимањето за магазинот Paper во 2022 година. Заедно го прославија и Денот на американската независност. Мадона потоа објави серија фотографии на кои се држат за раце, гледаат огномет и седат заедно на каучот.
Познато е дека Мадона сака помлади мажи, поради што раскинала со 30-годишниот Џош Попер пред Акима. Пред тоа беше во врска со 35 години помладиот Ахламалик Вилијамс, а претходно се бакнуваше и со 41 година помладиот скејтер Ендрју Дарнел.