Џоселин Вилденштајн, позната како „Жена мачка“, почина на 84-годишна возраст.
Нејзиниот партнер Лојд Клајн за АФП изјави дека Вилденштајн починала од белодробна емболија во вторникот во париската палата, пренесоа светските медиуми.
„Со тага ја објавуваме смртта на Џоселин Вилденштајн во Париз на 80-годишна возраст. Една икона ја нема“, рече Лојд Клајн.
Со 1,1 милион следбеници на Инстаграм, Џоселин Вилденштајн беше позната по многуте естетски и хируршки зафати на лицето, а се шпекулираа дека по секоја цена сака да изгледа како мачка и потрошила милиони за да го постигне тоа.
<b>Променет личен опис</b>
Уште на млада возраст, Џоселин почнала да прави промени на лицето, што ја донело до глобално препознавање. И покрај гласините, нејзиниот вереник, модниот дизајнер Лојд Клајн, кој е 21 година помлад од неа, тврди дека нејзиниот изглед бил природен.
<b>Луѓето во неверување</b>
- Не знам зошто медиумите ги пишуваат тие приказни и зошто ја нарекоа „мачорка“. Џоселин секогаш изгледала вака. Имам нејзини фотографии стари 16 години кои докажуваат дека не го променила својот изглед – изјавил Лојд во неколку наврати.
Сепак, на социјалните мрежи се шират фотографии од Џоселин од порано на кои се гледа се, освен што не отишла кај пластичен хирург. Сликите станаа вирални на интернет, а многумина се прашуваа што направила со нејзиното лице.
<b>Контроверзи</b>
Џоселин претходно живееше луксузен живот благодарение на бракот со Алек Вилденштајн, познат трговец со уметнички дела. Нивниот развод по 21 година брак остана запаметен по огромната судска спогодба, во која Џоселин доби повеќе од две милијарди долари. Меѓутоа, денес нејзиното богатство е значително намалено, а според американските медиуми и останале само 10 милиони долари.
За нејзината финансиска состојба често се шпекулираше, а многумина веруваат дека Лојд Клајн е со неа само поради парите и придобивките кои ги донела во неговата кариера. И покрај тоа, парот ги игнорираше гласините и уживаа во заедничкиот живот.
Џоселин некогаш беше позната по нејзиниот необичен избор на домашно милениче - мајмун капучин. Меѓутоа, поради финансиски проблеми била принудена да прогласи банкрот.