Деновиве низ светот одекна веста дека по осум години драма, Бред Пит и Анџелина Џоли ги договориле деталите за нивниот развод.
„Пред повеќе од осум години, Анџелина поднесе барање за развод од г-дин Пит. Таа и децата ги напуштија сите имоти што ги споделија со Пит и оттогаш се фокусираше на наоѓање мир и исцеление за нивното семејство. Ова е само дел од долгорочниот процес кој започна пред осум години. Да бидам искрен, Анџелина е исцрпена, но и олесна што овој дел е завршен“, изјави адвокатот на актерката, Џејмс Сајмон.
Бред и Анџелина некогаш беа најубавиот и најмоќниот пар во Холивуд, а сето тоа започна уште во 2004 година кога заедно го снимаа филмот „Господин и г-ѓа Смит“, додека Бред сè уште беше во брак со својата колешка Џенифер Анистон.
Откако Бред ја остави сопругата за Анџелина, многумина неговата нова сакана ја нарекоа уништувач на семејството, а Џенифер доби голема поддршка. Самата призна дека не и било лесно да се справи со разводот, а во едно претходно интервју, кое сега се врати во интерес на медиумите и јавноста, откри како изгледала нејзината прва и последна средба со новата љубов на нејзиниот сопруг, досека се уште не знаела дека таа ќе кумува на нивниот развод.
Тие две се запознале во 2004 година во студиото на Ворнер Брос во Калифорнија, каде Џенифер ја снимаше хит серијата „Пријатели“.
„Ја запрев и се претставив. И кажав дека Бред е многу возбуден што ќе работи со неа и дека се надевам дека добро ќе се забавува“, изјави Џенифер.
Немала поим дека овие зборови и ги упатува на жената која ќе го „киднапира“ нејзиниот сопруг. Филмот започна да се снима во 2004 година, а веќе следната година се дозна дека Џенифер и Бред раскинале. Џенифер тогаш, како што се пишуваше, „одлучила да верува“ дека нејзиниот брак не пропаднал поради друга жена.