Идната прва дама на Соединетите Американски Држави, Меланија Трамп го прослави доаѓањето на новата година во елегантен црн фустан. Меланија, чиј сопруг ќе ја преземе функцијата претседател на САД на крајот на јануари, блесна во нејзиниот фустан додека седеше до Доналд на новогодишната манифестација.
Доналд и Меланија Трамп беа во центарот на вниманието за време на новогодишната прослава во Мар-а-Лаго, Флорида.
<b>Мрежите се запалија</b>
Познатата Словенка носеше долг црн фустан со голо рамо и заводлив изглед, а секако имаше коментари: “Меланија Трамп е едноставно убава. Доналд навистина знае да избира!“, “Меланија Трамп изгледа неверојатно вечерва!“
На социјалните мрежи во вторникот вечерта стана вирално видео од Доналд и Меланија Трамп како пристигнуваат на новогодишен настан во Мар-а-Лаго.
Тоа беше првпат да ја видиме Меланија Трамп како танцува на омилената песна на нејзиниот сопруг. Во нејзино друштво бил и нејзиниот татко Виктор Кнавс, додека во досега објавените видеа го нема нејзиниот син Барон Трамп.
„Неверојатно. Трамп и Меланија штотуку влегоа епски на новогодишната забава во Мар-а-Лаго“, напиша еден фан.