Пејачката Сенида Хајдарпашиќ ја дочекала Новата година со жителите на Бања Лука на плоштадот и приредила спектакуларен дочек. Публиката за сето време пеела заедно со неа и се било супер до еден момент кога почнала да се кара со некого од публиката.
Имено, дошло до расправија со маж, поради што таа буквално „полудела“, а на ТикТок кружи вирален клип на кој можете да видите како таа го повикува да дојде на сцената.
- Што е, што е? Сакаш горе? Дојди, дојди, дојди сам. Дојди сам. Нема мускули - рекла пејачката и револтирано го свртела грбот кон публиката.
На почетокот не било јасно што всушност се случило, па пејачката реагирала вака, а новиот клип што споделен на ТикТок покажува што го предизвикало нејзиниот гнев.
Имено, некој маж од публиката наводно и фрлил догорче, што ја изненадило пејачката и таа застанала среде песна.
Девојка која присуствувала на концертот објаснила како настанала оваа напната ситуација во нејзиниот опис. Открила дека ситуацијата ескалирала откако мажот и го покажал средниот прст на пејачката. Сенидах тогаш му возвратила и му ја фрлила цигарата назад, покажувајќи му среден прст, а пред тоа смело го повикала да се покаже пред сите и да излезе на сцената, што тој не го направил.