Со нив бил и нејзиниот менаџер Бени Медина, но судејќи по видеото кое се шири на интернет, изгледа дека она што Џеј Ло го замислила како мирен семеен излет завршил во многу тензична ситуација.
На видеото објавено на Јутјуб, се гледа како чувар на ресторанот им приоѓа на насобраните фотографи, велејќи им да го напуштат имотот. По ручекот, Џенифер го напуштила ресторанот и со децата се упатила кон автомобилот, додека обезбедувањето повторно било принудено да интервенира кај фотографите.
Додека тие продолжиле да ја фотографираат пејачката, обезбедувањето овојпат им рекол малку погрубо да се оддалечат. Снимката потоа станала малку „хаотична“ поради тресењето на фотоапаратот, а во еден момент се слуша како еден од фотографите се жали дека мажот го удрил со тупаница по лицето. Обезбедувањето станало погласно по неговите приговори, велејќи дека следниот пат ќе повика полиција.
Набрзо под снимката почнаа да се појавуваат коментари на гледачите, од кои повеќето сметаат дека обезбедувањето на ресторанот постапило правилно. Други, исто така, почнаа да го спомнуваат името на раперот Пи Диди, со кого Лопез беше во врска помеѓу 1999 и 2001 година.
Да потсетиме, латино дивата минатиот викенд присуствуваше на проекцијата на филмот Unstoppable. Според Дејли Мејл, додека таа им давала автограми на фановите, еден од нив ја прашал за Диди и обвинувањата против него. Лопез потоа ја напушти собата со својот тим, одбивајќи да одговори на прашањето.