Групата АББА е музички феномен, кој со брзина на светлината ги освои срцата на публиката. Иако важат за вистинска сензација, членовите на групата не се воодушевени од некои нивни специфичности.
Бјорн Улвеус, музичар и основач на групата, истакна дека групата има „толку глупаво име“ и дека го делат со „многу позната фабрика за харинга во Шведска“.
- Кога бевме само делумно познати, а прилично познати во Шведска, ја снимивме првата плоча под името Агнета, Бени, Бјорн и Ани-Фрид. А на диџеите на радио и секаде на друго место се изморија да го кажуваат сето тоа, како што можете да замислите, па ни ги сведоа имињата на иницијалите АББА - изјави шведскиот музичар.
Покрај него, во групата беа Агнета Фалцког, Бени Андерсон и Ани-Фрид Лингстад.
- Немавме избор. Мислев дека е толку глупаво име. И навистина е. Исто така, тоа е името на многу позната фабрика за харинга во Шведска - маринирана харинга, која е многу популарна во Шведска. И моравме да побараме од нив дозвола да го користиме истото име, нагласил основачот.
Улвеус открил дека отсекогаш сакал тие да имаат звучно име, како Ролинг Стоунс.
- И еве сме на крајот со АББА, заклучил тој.
Групата се здоби со светска слава по победата на Евровизија со песната „Ватерло“ на 6 април 1974 година, а оваа година Малме одбележа половина век. Се што се случи по таа магична ноќ пред 50 години влезе во историјата.