Поради фактот што приходите од реклами се намалени за
половина оваа година, многу серии во Турција се накратко финализирани, пишува
Хаберлер.
Економската криза се одрази и на телевизиската индустрија.
Фактот што приходите од рекламите паднаа за речиси половина
оваа година доведе до конечна одлука да се прекине емитувањето на дури 13
серии.
Осум серии кои стигнаа до финалето штотуку почнаа да се
емитуваат, а останатите пет завршуваат во втората сезона.
<span lang="EN-US" style="mso-ansi-language:EN-US">Tурските
серии се хит во многу земји во светот, а колкава е експанзијата на турската
кинематографија во последните неколку години говори фактот што оваа земја од
извозот во овој сектор во 2015 година заработила 250 милиони долари. .</span>